Нов предизвик за Каменица, го презеде косовски Кастриоти

Откако шампионот Беса Фамилија се реши за нов тренер да го именува шпанскиот стратег Хавиер Кабањас, најголемиот ривал за титулата во косовскиот ракометен шампионат, Кастриоти се реши да назначи големо тренерско име за шеф на стручниот штаб на тимот. 

Искусниот Касим Каменица, кој долги години работеше и во нашата држава, последно водејќи го Пелистер е нов тренер на амбициозниот косовски тим, кој има задача да ја симне од тронот Беса. 

Со овој потег косовките клубови потврдуваат дека сериозни размислуваат да го подигнат нивото на ракометот во оваа држава, која важи за една од најнеразвиените ракометни центри во Европа. 

Инаку, на чело на Беса пред две сезони седеше и македонскиот стратег Томе Петрески кој на екипата ѝ обезбеди двоја круна.