Нов предизвик за Алеш Пајовиќ, ќе работи во бундеслигашки гигант

Германскиот ракометен гигант, Флензбург, објави дека нов тренер на првиот тим ќе биде искусниот Алеш Пајовиќ. 

46-годишниот стратег е селектор на Австрија последниве шест години и оствари добри резултати (двапати се пласираше во Топ-8 на Европските првенства), а сега доби предизвик кој тешко се одбива и наскоро ќе го преземе бундеслигашот.

Флензбург долго трагаше по наследникот на Николеј Крикау, а изборот падна на Словенецот Пајовиќ, кој има огромно играчко искуство од настапите во Целје, Сиудад Реал, Магдебург и Кил. 

Во игра за тренерското место беа и други познати имиња како Дагур Сигурдсон и Глен Солберг.