Нов потпис покрај езерото, Блажевски уште една сезона во Охрид

Ракометниот клуб Охрид продолжува со задржувањето на најдоброто од ланската сезона и потпиша нова соработка со уште еден клучен ракометар. 

Десното крило Бобан Блажески и следната сезона ќе го носи дресот охриѓани, откако го продолжи договорот на уште една сезона.

Блажески е петтиот ракометар кој пуштил рака со раководството на клубот кој и минатата сезона го носеше дресот со „сино-бела“ боја. Претходно нова соработка потпишаа капитенот Крсте Андоновски, Иван Тасески, Борче Соколов и голманот Јагош Брауновиќ.

Новиот тренер на тимот, Раде Стојановиќ, за следната сезона ќе може да смета и на двете засилувања голманот Никола Даниловски и кружниот напаѓач Кристијан Анастасовски