Нов пораз за ракометарките на Медитеранските игри, следи дуел со Косово

Женската ракометна репрезентација на Македонија претрпе уште еден пораз на Медитеранските игри во Италија.

Нашата кадетско-младинска селекција не успеа да му се спротивстави на домаќинот, па Италија славеше убедливо со 39-16. „Аѕурките“ уште по првото полувреме имаа комотна предност од 19-7 и до крајот рутински ја потврдија победата.

Најефикасна во македонскиот состав беше Дона Тодоровска со пет гола, додека Мила Ристовска и Леона Миленкоска постигнаа по четири.

Македонија последниот натпревар од групната фаза, против Косово, кое исто така има четири порази, ќе го одигра на 30 август.