Нов пех за малерозниот Мандиќ: Хрватот се здоби со нова тешка повреда

Хрватскиот ракометен репрезентативец Давид Мандиќ го пропушти Мундијалот поради повреда, а сега доживеа нов пех, поради што пред крајот на првото полувреме меѓу Мелсунген и Фуксе Берлин го напушти теренот со болна гримаса на лицето.

Имено, противничкиот играч Матијас Гидсел слета на десниот зглоб на Мандиќ. Хрватскиот ракометар падна на подот од болки, а откако му беше укажаа помош, тргна кон клупата, потпрен на соиграчот Иван Мартиновиќ и докторот. 

Засега не е познато од каква природа е повредата на хрватскиот репрезентативец, но многу веројатно ќе пропушти уште еден голем собир – Европското првенство во Германија.