Нов одличен меч на Костески, но Линц пак несреќно загуби

Екипата на Линц одигра уште еден одличен натпревар во новата сезона на австрискиот шампионат, но пак немаше среќа и запиша нов минимален пораз. 

По неуспехот во првото коло против Грац, синоќа со само еден гол загуби од Фиверс, тим кој е еден од најквалитетните во лигата, а тоа го докажа на меѓународна сцена откако ја елиминира Бенфика во првото коло од квалификациите за Европската лига.

На крај Фиверс славеше со 25-26, а повторно солиден натпревар за поразениот тим имаше нашиот Никола Костески. Привремениот репрезентативец на Македонија пак беше на висината на задачата и овој пат реализира четири погодоци од пет обиди.

Поранешниот член на Металург, сезоната во австрискиот шампионат ја отвори со перфектен учинок против Грац, од пет гола од исто толку обиди.