Нова фантастична партија на Костески во Австрија – го „почести“ Кремс со десет гола

Македонскиот ракометар Никола Костески игра во неверојатна форма оваа сезона во дресот на Линц. Привремениот репрезентативец на Македонија вечерва повторно имаше партија за паметење, откако пак беше најдобар стрелец на својот тим, но овој пат со двоцифрен број на голови. 

Сепак, ниту фантастичната игра на нашето крило не беше доволно за неговиот тим за првпат да се радува на победа оваа сезона. 

Линц го запиша шестиот пораз, а вечерашниот го доживеа од еден од најдобрите тимови во австрискиот шампионат Кремс. Поранешниот тим на Влатко Митков одигра квалитетен натпревар и заслужено се радуваше на победа од убедливи седум гола разлика, 35-27.

Костески својата најдобра партија оваа сезона ја заврши со десет постигнати гола и беше прв стрелец на натпреварот.