Нов договор за Макула, поранешниот помошник на Врањеш уште долго во Флензбург

Флензбург е на прагот на втората титула по ред во Бундеслигата, а победата вчера попладне во Манхајм против Рајн Некар Левен силно го доближува клубот од северна Германија до одбрана на тронот.

Најзаслужниот за овој подвиг, тренерот Маик Макула се согласи на продолжување на договорот до 2023 година. Овој млад тренер дојде на мала врата како помошник на Љубомир Врањеш, но брзо се наметна и се бори за ѕвездена сезона. Имено, титулата во Германија тешко дека ќе им побегне, а по неколку години пауза блиску се и до Ф4 на Лигата на шампионите во Келн.

Имено, в среда Флензбург се среќава со Веспрем во првиот четвртфинален натпревар на Лигата на шампионите, што е последна пречка пред јунскиот завршен турнир во „Ланксес Арена“.