Нов брилијантен меч на Томовски, Миркуловски и Вецлар го изненадија Магдебург 

Томовски

Екипата на Вецлар приреди изненадување во 37. коло од Бундеслигата, затоа што од гостувањето кај големиот фаворитот Магдебург се враќа непоразена. Освојувачот на Европската лига беше во серија од четири победи, но вечерва наиде на расположен противник, кој во самиот финиш се избори за голем бод (27-27).

Македонскиот репрезентативец и помошник на селекторот Лазаров, Филип Миркуловски, немаше свој удел во нападот на Вецлар, додека најпрецизен беше Рубин со осум гола.

Реми, рамно на пораз, запиша тимот на Лудвигсхафен, кој и официјално во следната сезона ќе се натпреварува во втората по ранг лига во Германија. Во дербито на дното, Лудвигсхафен во последните минути го испушти водството и дозволи Минден да се избори за 24-24, а со тоа и да си обезбеди бундеслигашки статус и во следната сезона. 

Младиот македонски голман одново блескаше на голот и уште еднаш покажа дека во Вардар се сели во фантастична форма. 23-годишниот чувар на мрежата меѓу стативите на својот тим беше 53 минути, во кои одново забележа двоцифрен број интервенции, дванаесет.

Очекувана победа од десет гола разлика забележа гигантот Кил, откако со 33-23 на свој терен го совлада Лемго и во пресрет на последното коло се врати на лидерската позиција на табелата.