• Сашо Поповски

Репрезентацијата на Норвешка ја оправда фаворитската улога и го доби мечот со Полска (31-42) на почетокот од втората фаза на Европското првенство.
Норвешкиот напад одигра без грешка во првото полувреме. Полјаците има големи проблеми да се справат со противникот, кој беше исклучително ефикасен и постигна 21 гол. Разликата од шест гола беше доволна залиха за тимот на Кристијан Берге да има помирно продолжение од мечот. Сандер Сагосен постигна дури осум гола и беше најзаслужен за одличното издание на скандинавската репрезентација.
Фаворитот немилосрдно го газеше ривалот и во остатокот од мечот. На крај норвешките ракометари победија со двоцифрена разлика и ја најавија кандидатурата за пласман во полуфиналната фаза.
Бартхолд постигна десет, Сагосен девет, а Бјорнсен заврши со осум погодоци. Морито со девет гола беше прво име кај Полска. Во следното коло Норвешка игра со Германија, а полската селекција ќе ја предизвика Шведска.