Норвежаните ја декласираа Унгарија и се блиску до полуфиналната фаза

Норвешка Унгарија

Репрезентацијата на Норвешка ја заврши својата работа и преку Унгарија (35-26) стигна до нова победа на Светското првенство. Избраниците на Кристијан Берге сега со нетрпение ќе го чекаат вечерашното дерби помеѓу Данска и Шведска и ќе се надеваат на победа на домашната репрезентација со цел да обезбедат место во полуфиналето. 

Фаворитот започна бавно, но потоа го зголеми нивото на игра и обезбеди највисока предност од +5 (14-9) по 20 минути игра во првото полувреме. Се што направија Унгарците беше намалување на разликата благодарение на расположениот Жолт Балох кој со шест гола беше нерешлива енигма за норвешката одбрана.

Почетните десет минути од продолжението беа клучни за високиот триумф на норвешките репрезентативци. Тие направија серија од 10-3 и ја решија секоја дилема околу победникот на овој натпревар. Конечниот резултат го донесе третиот и највисок пораз за Унгарија на овогодишниот Мундијал.

Унгарскиот национален тим со поразот паднаа на петтата позиција и пропушти можност да разигрува за 5-8 место, односно да се бори за квалификациите за Олимписките игри.

Магнус Јондал со седум и Бјарте Мирхол со шест погодоци беа најефикасни кај победникот, а Балох со 11 гола одигра симултанка кај противникот.

СП, Главна фаза, Група 2
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ДанскаДанска 5 5 0 0 147:116 31 10
2 НорвешкаНорвешка 1 5 4 0 1 157:135 22 8
3 ШведскаШведска 1 5 3 0 2 148:137 11 6
4 ЕгипетЕгипет 1 5 1 1 3 132:138 -6 3
5 УнгаријаУнгарија 1 5 1 1 3 134:144 -10 3
6 ТунисТунис 5 0 0 5 113:161 -48 0