Норвежаните имаа лесен тренинг против Саудиска Арабија за два од два на СП

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Вториот меч од групата Ц, помеѓу Норвешка и Саудиска Арабија, донесе доминација на фаворитот и висока победа од 40-21 (20-10).

Кристијан Берге, норвешкиот селектор, имаше можност да одмори некои од клучните играчи во вториот дел, со оглед на позитивата по првите 30 минути. Неговите избраници имаа полесен тренинг на мечот со аутсајдерот во групата и го обезбедија вториот триумф на Мундијалот во Данска и Германија.

Дури 80% од шутевите на Норвежаните во првото полувреме завршија во мрежата на голманот на Саудиска Арабија. Со цел да се избегне било каква повреда, норвешките репрезентативци го намалија темпото на игра во продолжението, дозволија повеќе слобода во нападот на противникот, но тоа не влијаеше на конечниот исход.

Магнус Род со девет и Еспер Ли Хансен со осум погодоци беа први стрелци кај победникот. За два дена, Норвешка ќе ги одмери силите со Австрија, а Саудиска Арабија ќе игра против втората скандинавска селекција во групата, Данска.

СП, Група Ц
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ДанскаДанска 1 5 5 0 0 167:103 64 10
2 НорвешкаНорвешка 1 5 4 0 1 175:119 56 8
3 ТунисТунис 5 3 0 2 138:147 -9 6
4 ЧилеЧиле 1 5 2 0 3 130:167 -37 4
5 АвстријаАвстрија 1 5 1 0 4 121:148 -27 2
6 Саудиска АрабијаСаудиска Арабија 5 0 0 5 112:159 -47 0