Норвежанецот Род го продолжи договорот со Флензбург

Eден од најдобрите ракометари на првакот на Германија, Флензбург, Норвежанецот Магнус Род се обврза на нов договор во клубот од северна Германија. Некогашниот ас на норвешкиот Бекелагет денес е незаменлив во дресот на Флензбург, а со норвешката репрезентација освои сребрени медали од Светско и Европско првенство.

22-годишниот Род ќе игра за Флензбург до 2023 година, а финансиските детали од договорот не се познати.
 
Флензбург е шампион, игра одлични и во тековниот шампионат се наоѓа на делба на второто место со седум победи од десет натпревари и само Хановер има подобар старт на шампионатот од актуелниот првак на Германија.