ВИДЕО: Норвешкиот „супермен“ – плукаше крв, остана без заб, но продолжи да брани

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Голманот на Норвешка, Еспен Кристeнсен, беше главна ѕвезда во победата на својата репрезентација против Саудиска Арабија со 40-21. Норвешкиот чувар на крајот имаше 57% успешност на одбранети удари, но еден детаљ од стартот на вториот дел практично го одбележа натпреварот.

При една контра на ракометарите на Саудиска Арабија, еден од Саудијците го удри Кристенсен директно во главата, а Норвежанецот иако падна како покосен, веднаш се подигна, плукна малку крв, го извади делот од забот кој настрада при ударот и продолжи да брани.

СП, Група Ц
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ДанскаДанска 1 5 5 0 0 167:103 64 10
2 НорвешкаНорвешка 1 5 4 0 1 175:119 56 8
3 ТунисТунис 5 3 0 2 138:147 -9 6
4 ЧилеЧиле 1 5 2 0 3 130:167 -37 4
5 АвстријаАвстрија 1 5 1 0 4 121:148 -27 2
6 Саудиска АрабијаСаудиска Арабија 5 0 0 5 112:159 -47 0