• Мартин Танасковски

Норвешката ракометна легенда Бјарте Мирхол замина во пензија, но веднаш се активира како тренер затоа што потпиша договор со Рунар од Норвешка.
41-годишниот Мирхол кој кариерата ја заврши во Кил, а играше уште за Скјерн, Рајн Некар и Веспрем, парафира тригодишен договор со клубот кој игра во најквалитетниот норвешки шампионат, а во моментов се наоѓа на петтото место.
„Среќен сум што ја добив оваа можност. Едвај чекам да го запознаам тимот и да станам дел од Рунар. Ми фалеше ракометот откако се пензионирав, мотивиран сум за новата задача. Сакам да му помогнам на Рунар да се врати на стариот пат“, изјави Мирхол.
Рунар е четирикратен шампион на Норвешка. Трофејот во скандинавската земја тимот го освојуваше во сезоните 1993–94, 1994–95, 1995–96 и 1999–00.