• Мартин Танасковски
Уште една репрезентација се пласираа во четвртфиналето на Светското првенство (СП) во ракомет кај жени кое се игра овој месец, тоа е селекцијата на Норвешка.
Норвежанките беа убедливи во натпреварот против Словенија (34-21). И во двете полувремиња скандинавскиот тим даде по 17 гола и го реши натпреварот. Камила Херем имаше шест гола, пред Офтедал и Рајштад со по пет гола. Кај Словенија, Варагиќ даде пет гола.
Холанѓанките исто така одиграа убедливо и ја победија Украина (40-21). Абинг беше стрелец на осум гола, пред Фолбрегт со шест, додека кај Украинките, Шукал беше најдобра со пет постигнати гола.
Покрај Норвешка, во четвртфиналето се и олимписките шампионки, Французинките.