Норвешка влегува во нова ера: Магнус Андерсон седнува на селекторското столче

Норвешката ракометна федерација го именуваше Магнус Андерсон за нов селектор на машката репрезентација. Швеѓанецот потпиша договор до летото 2030 година.

Негов прв помошник и главен асистент ќе биде Данецот Хенрик Кронборг, кој исто така се обврза на четиригодишна соработка. Андерсон на клупата на Норвешка доаѓа како наследник на Јонас Виле, чиј договор не беше продолжен по серијата разочарувачки резултати на националниот тим во последните години.

Станува збор за едно од најпознатите имиња во европскиот ракомет. Како играч освојуваше светски и европски титули со Шведска, а како тренер работеше во повеќе клубови низ Европа, меѓу кои и Порто, додека претходно беше и селектор на Австрија.

Главна задача на новиот стручен штаб ќе биде враќање на Норвешка во борбата за медали на големите натпреварувања, почнувајќи од Светското првенство во 2027 година.