Норвешка со нова двоцифрена победа, Сагосен и Мирхол незадржливи против Австрија

Норвешка насловна
Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Еден од главните фаворити за висок пласман на Светското првенство, Норвешка, очекувано ја совлада Австрија (34-24) во 3. коло од групата Ц.

Се играше гол за гол во поголемиот дел од првото полувреме, а Австријците изненадувачки имаа солиден резултат, пред да попуштат во завршницата. Предноста од +3 на полувреме, норвешките репрезентативци ја искористија помирно да влезат во продолжението, кое им донесе полесна игра во нападот, а со тоа и поубедлива позитива. 

Ефективноста во нападите во голема мера беше на страна на Норвежаните кои како и на првите два меча, немаа проблеми да стигнат до бодовите. Со истите се искачија на првото место на табелата, во пресрет на дуелот на Данска и Саудиска Арабија.

Сандер Сагосен со осум и Бјарте Мирхол со шест погодоци беа први имиња во победничката екипа, а Јанко Бозовиќ со седум гола беше најдобар стрелец за Австрија.

СП, Група Ц
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ДанскаДанска 1 5 5 0 0 167:103 64 10
2 НорвешкаНорвешка 1 5 4 0 1 175:119 56 8
3 ТунисТунис 5 3 0 2 138:147 -9 6
4 ЧилеЧиле 1 5 2 0 3 130:167 -37 4
5 АвстријаАвстрија 1 5 1 0 4 121:148 -27 2
6 Саудиска АрабијаСаудиска Арабија 5 0 0 5 112:159 -47 0