Норвешка со лекција за Швеѓанките, перфектни останаа Данска, Унгарија и Бразил

Четири селекции продолжија максимално на Светското првенство за дами во Германија и Холандија. 

Норвешка ѝ отчита лекција на Шведска и ја декласира со убедливи 39-26 (15-14). Веројатно ретко кој очекуваше дека скандинавското дерби ќе заврши со двоцифрена победа на Норвежанките. До победата својата селекција ја водеа Бакеруд и Реистад со по шест реализации. Во групата 4 перфектни останаа и Бразилките кои со 32-25 ја совладаа селекцијата на Јужна Кореја. 

Данска ја оправда фаворитската улога и со 40-26 ја декласира селекцијата на Сенегал. Скандинавките беа убедливи и во двете полувремиња даваа по 20 гола. 

Победа во групата 1 забележаа и Унгарките кои славеа против Романија со 34-29.

ФОТО/PHOTO: © IHF