Норвешка заврши работа против Исланд, четвртфиналето ѝ зависи од Португалија

Сагосен

Сандер Сагосен и Норвешка си ја завршија работата и го победија Исланд (33-35) во последниот меч од главната фаза на Мундијалот во Египет.

Конечна разврска во оваа група ќе има вечерва, кога Франција ќе се судри со Португалија, во директен судир за пласман во четвртфиналето. Повеќе варијанти се во игра, а норвешките ракометари вудно ќе ги следат настаните од овој меч, бидејќи од него им зависи престојот на Светското првенство.

Првиот дел донесе супер ефикасно надигрување, во кое Исланѓаните не попуштија пред фаворитот (18-18). Меѓутоа сила загубија на стартот од вториот дел, кога норвешката одбрана одигра на посакуваното ниво.

Првата ѕвезда Сагосен одново беше лидер на својот тим и одново покажа зрелост во овој важен меч. Неговата креативност беше кошмар за исландските репрезентативци, кои на крај не успеаја да се вратат во игра за бодови.

Девет гола постигна Сагосен, а кај Исланд најефикасен беше Елисон со шест погодоци.

Норвешка ќе се надева на успех на Французите вечерва. Доколку Португалците победат со разлика од 1-6 гола, тогаш тие и француската селекција заедно ќе патуваат во четвртфиналето.