Норвешка се намачи, Сагосен и Род го „торпедираа“ Египет

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Репрезентацијата на Норвешка забележа триумф во втората фаза на Светското првенство (СП) во Германија и Данска и со 32-28 (16-14) славеше над Египет.

Африканската селекција доста го намачи фаворитот, но, сепак, Норвежаните ги освоија планираните бодови. Египет подобро го отвори мечот и поведе со 0-3, меѓутоа Норвешка се врати, изедначи на 3-3, а потоа поведе и со два гола разлика кои ги одржуваше до крајот на првиот дел (16-14).

На стартот на вториот дел од мечот, се дојде и до плус четири гола (19-15), а Египет најблиску дојде до два гола негатива (29-27), но во финишот немаше сила да направи сензационален кам-бек против европскиот ривал. Прво име кај победникот беше Сагосен со десет постигнати гола, додека Род заврши со девет. Кај Египет, Елахмар и Санад дадоа по четири гола.

Норвешка во наредното коло ја чека скандинавско дерби со Шведска, додека Египет игра со домаќинот и воедно голем фаворит Данска.

СП, Главна фаза, Група 2
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ДанскаДанска 5 5 0 0 147:116 31 10
2 НорвешкаНорвешка 1 5 4 0 1 157:135 22 8
3 ШведскаШведска 1 5 3 0 2 148:137 11 6
4 ЕгипетЕгипет 1 5 1 1 3 132:138 -6 3
5 УнгаријаУнгарија 1 5 1 1 3 134:144 -10 3
6 ТунисТунис 5 0 0 5 113:161 -48 0