Норвешка одигра неверојатно второ полувреме и ја декласира Словенија

Ракометарките на Норвешка по убедливата победа над Куба на отворањето на Светското првенство во Јапонија (47-16), попладнево запишаа нов рутински триумф, откако по фантастично второ полувреме го скршија отпорот на селекцијата на Словенија

Натпреварот во Кумамото започна со израмнета игра и почетно водство на Словенките, кои во неколку наврати имаа и +3, но во самиот финиш од првиот дел Норвешка се врати во игра и со серија од 4-1 на одмор замина со еден гол позитива (12-13). 

Во вторите 30 минути Јакобсен и Бекеруд ја презедоа одговорноста и за краток период ја разбија противничката одбрана и Норвешка веќе се одлепи на осум гола предност (14-22). Но, фаворитките не застанаа, туку продолжија да го полнат словенскиот гол, а притоа одлично го чуваа својот, па така на крај заслужено извојуваа победа од убедливи +16 (20-36).

Јакобсен со осум гола беше прво име во победничката селекција, додека по шест гола постигнаа Бекерунд и Херем. Кај Словенија се истакна Грос со девет гола. 

Очекувани победи забележаа и Шведска против Кина со 32-19, Холандија против Ангола со 35-28, а Јапонија го надигра ДР Конго со 28-16.