• Зоран Мишевски

79% успешност, 11 гола од 14 обиди, лидерска улога во текот на целиот натпревар – настап за секоја пофалба на нашиот капитен Кире Лазаров.
Не го вадеа од устите норвешките ракометари и селекторот Берге. Првото двоцифрено издание на нашиот капитен во Полска му донесе признание МВП, кое ќе го потсеќа на едно скоро перфектно издание.
А ќе ги потсеќа и Норвежаните, посебно ако ова реми не им донесе полуфинале, кое сѐ до денес и тоа како го заслужија.

