Норвешка ја реши и Германија и како лидер патува во полуфиналето

Ракометарките на Норвешка ја потврдија доминацијата во групата 2 од главната фаза на Европското првенство. Скандинавската селекција, по победата над Холандија во претходното коло, вечерва ја средија и Германија со 32-27 и со тоа го потврдија пласманот во полуфиналето и тоа од лидерската позиција во групата. 

Норвежанките фуриозно го започна овој дуел. Уште во воведните минути изградија сигурна предност, која во продолжение само за зголемуваше. Највисоката беше +7, а на полувреме се замина со шест гола предност за фаворит (19-13).

Во вториот дел Германија заигра нешто поквалитетно и беше повеќе од рамноправен противник, но тоа беше доволно само за пристоен пораз. Германките со овој неуспех ги загубија сите шанси за пласман во полуфиналето.

Реистад со девет гола беше најпрецизна кај победничката селекција, а за Германија по четири гола постигнаа Лот, Хауф, Гријселс и Леустер.  Во последното коло Германија игра против Словенија, додека Норвешка ќе се судри со Швајцарија.