Норвешка и Словенија се радуваат, Шведска во Малме ја тресна Унгарија

Ракометната репрезентација на Унгарија направи чекор назад во борбата за полуфинале на ЕП 2020 затоа што во претпоследниот дуел од групната фаза загуби од Шведска (18-24) која е веќе елиминирана.

„Трите круни“ одиграа одличен натпревар пред домашната публика во Малме, а на резултатот најмногу се радува Словенија, која останува на втората позиција и има сериозни шанси да игра полуфинале на европскиот собир.

Дуелот го одбележаа тврди одбрани и расположени голмани, а главната разлика Швеѓаните ја направија во финишот, кога од 18-18 дадоа пет гола во серија и обезбедија висока предност (18-23) недостижна за Унгарците. Вреди да се напомене дека Унгарија цели 13 минути беше без гол, од 47. до 60. минута на натпреварот.

Најдобри кај Шведска беа Готфридсон и Пелас со по пет гола, а Апелгрен имаше 11 одбрани, додека кај Унгарија Зита постигна четири гола, а Милкер имаше солиден натпревар со 14 одбрани.

Шведска со оваа победа официјално ја испрати Норвешка во полуфиналето. Во последното коло Норвежаните играат со Словенија, Унгарците се среќаваат со Португалија, додека Исланд игра дерби со Шведска.