Норвешка и Јужна Кореја одиграа атомски меч со 75 гола

Ракометната репрезентација на Норвешка славеше над Јужна Кореја (44-31) во рамки на последното коло од квалификациите за Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во Токио и со максимален ефект ја заврши групата.

Двата тима одиграа атомски натпревар со 75 постигнати гола. Јужнокорејците беа ефикасни и на претходните натпревари, така беше и овој пат, меѓутоа немаат лек за противниците во одбраната и колку и да даваат голови, на крајот губат.

Мирхол и Јондал со по седум гола беа најдобри кај Норвешка, додека кај Кореја, Шин заврши со осум реализации.

Јужна Кореја на турнирот прими 44 гола од Норвешка, 30 гола од Бразил и 35 од Чиле. Забележа една победа, над Чиле. Покрај Норвешка, од групата на ЛОИ патува и Бразил како второпласиран.