Норвешка го загуби домаќинството за квалификации на ЛОИ поради задолжителниот карантин

Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) одлучи Норвешка да не биде домаќин на турнирот во рамки од квалификациите за Олимписките игри 2020.

Карантинот и правилата за влез на странските државјани ја спречија скандинавската репрезентација да има предност во однос на ривалите и да игра на познат терен.

„Штета што олимписките квалификации не можат да се комплетираат на домашен терен, но нормално ние имаме целосно разбирање за оваа одлука поради ситуацијата во моментот“ , изјавија од норвешката ракометна федерација.

Засега нема конечна одлука околу новото место на одигрување на натпреварите. Се споменуваат Германија и Франција како алтернативни решенија.

Во групата со Норвежаните за место на ЛОИ ќе се борат Бразил, Чиле и Јужна Кореја.