Норвешка го доби скандинавското дерби и влезе во игра за полуфинале на СП

Ракометната репрезентација на Норвешка одигра допадлив натпревар во втората фаза на Мундијалот и во дерби-дуелот против Шведска, славеше со 27-30 (14-17), со што влезе во игра за пласман во нокаут-рундата.

Норвежаните и Швеѓаните играа егал-меч нешто околу 25 минути, но невниманието во финишот на првиот дел на „трите круни“, им дозволи на норвешките ракометари да се одлепат на три гола (14-17).

Разликата во вториот дел константно се одржуваше, а во одредени моменти и растеше, а се што Шведска успеа да направи беше само да го намали поразот. Норвешка највисоко водеше со седум гола (15-22), а до финишот Швеѓаните дојдоа до пораз од три погодока.

Најдобар во победничкиот табор беше Јондал со 11 гола од 12 обида, додека Сагосен заврши со седум погодока. Кај Шведска, Ване и Нилсон постигнаа по пет гола.

Во наредното коло, последно од втората фаза, Норвешка игра против Унгарија, додека Швеѓаните ги чека пеколно тежок натпревар со домаќинот на Мундијалот, Данска.

СП, Главна фаза, Група 2
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ДанскаДанска 5 5 0 0 147:116 31 10
2 НорвешкаНорвешка 1 5 4 0 1 157:135 22 8
3 ШведскаШведска 1 5 3 0 2 148:137 11 6
4 ЕгипетЕгипет 1 5 1 1 3 132:138 -6 3
5 УнгаријаУнгарија 1 5 1 1 3 134:144 -10 3
6 ТунисТунис 5 0 0 5 113:161 -48 0