Норман Реч: Во вториот дел падна нашето ниво, а Вардар е супер тим и фаворит во ЛШ

Германскиот првак Лајпциг ја почувствува силата на Вардар, па и покрај тренерската смена, „црвено-црните“ делуваа моќно и мотивирано и синоќа им одржаа раометна лекција на Германките. И од таборот на противникот го признаваат поразот и разликата во класи.

„Честитки за Вардар. Беше добар натпревар, доминираа со нападот. Тоа беше проблем и за нашите играчи. Во првото полувреме и ние игравме добра одбрана, но и примивме 19 гола. Во второто полувреме нашиот напад не беше добар и падна нивото на играта, а Вардар имаше многу контри. Знаеме дека тие се голем тим, и фаворит во Лигата на шампионите. Можеме да одиме дома, и да се концентрираме за наредниот натпревар против ФТЦ“, смета тренерот Норман Реч. 

Искусната Франциска Мицнер призна дека е изненадена од јаачината на колективот. 

„Знаевме дека ќе биде тежок натпревар. Вардар има многу добри играчи, а ние сме „мал тим. Мислам дека првото полувреме беше добро. Да постигнеме 14 гола е добро за меч против Вардар. Но, примивме многу голови, дури19. Во второто полувреме имавме многу грешки во напад, и потоа беше тешко да се вратиме во игра“.

Вардарки следниот натпревар од Лигата на шампионите го играат против Астраханочка на 29 октомври.