Нора Мерк ќе игра за Есбјерг од 2022 година

Мерк

Данскиот шампионат од наредната сезона ќе добие голема ѕвезда во Нора Мерк, која стави потпис на договор со екипата на Есбјерг.

Норвешката репрезентативка се обврза на двегодишна соработка, која ќе стартува во 2022 година. Петкратната освојувачка на Лигата на шампионите ќе пристигне од редовите на Виперс.

„Имам потреба да играм во друга лига, па мислам дека одбрав добар клуб со високи амбиции, се согласуваме за многу работи. Клубот ќе ми овозможи да играм заедно во многу квалитетен ростер“, изјави Мерк.

30-годишната ракометарка има големи успеси во својата кариера. Покрај петте титули во Лигата на шампионите, четири пати освоила златен медал на Европските првенства со Норвешка, еднаш се израдувала на титула на Светско првенство и освоила два бронзени медали на Олимписките игри.

За Норвежанката ова ќе биде втора етапа во Данска. На само шеснаесет години таа настапуваше за екипата на Алборг.