Нолевска се сели во Романија, потпиша со Корона Брашов

Македонската колонија во Романија доби нов член. Иако битолски ЖРК Пелистер се надеваше дека ќе ја придобие во своите редови за сезоната 2019/20 ако не замине во странство, Наташа Нолевска денес потпиша и беше претставена како нов член на романска Корона Брашов.

„Веруваме дека Наташа брзо ќе се вклопи во нашиот тим и ќе имаме успешна и долга соработка“, напиша клубот од Брашов на социјалните мрежи.

Нолевска, која игра на позицијата десно крило, е дете на АМС Феникс, па се пресели во јуниорскиот тим на Вардар, настапуваше за Виборг и Ранкбобинг, а сега првпат ќе настапува во Романија. 

Битолчанката е член на репрезентацијата на Македонија на Симе Симовски.