Нолевска и Виборг ги дели една победа од двобој за титула во Данска

Тимот на Виборг, каде што настапува македонската репрезентативка Наташа Нолевска, загуби на вториот дуел од полуфиналето на плеј-офот за титулата во Данска. Виборг победи на првиот меч на гости кај Копенхаген со 18-24.

Сепак не ја искористи предноста од домашниот терен на вториот меч и загуби со 25-31, па ќе мора преку мајсторка на теренот на противникот да бара место во финалето и борбата за титулата.

Третиот меч од серијата што се игра на 12 мај може да биде последен за Нолевска во зелениот дрес, со оглед на тоа што десното крило на крајот на сезоната ќе го напушти Виборг и ќе се пресели во друг клуб.