Нокаут-рунда во СЕХА: Може ли Еурофарм да дојде до Вардар?

Групната фаза во СЕХА-лигата го доживеа својот крај, а веќе познати се двојките кои ќе се судрат во нокаут-рундата од регионалното натпреварување.

Според сегашниот костур, само една екипа од Македонија ќе може да игра на Ф4-турнирот, или Вардар или Еурофарм Работник, затоа што двете се наоѓаат на истата страна и можен е нивен дуел во четвртфиналето.

„Црвено-црните“ како лидери имаат четвртфинална виза, додека Еурофарм мора да го победи хрватски Нексе за да закаже дуел со првакот. Покрај Вардар, директно во четвртфиналето се уште Веспрем, ППД Загреб и Мотор Запорожје.

Во другите осминафиналиња ќе се соочат Пекинг и Мешков Брест, Металопластика и Војводина, како и Спартак Москва и Татран Прешов.

СЕХА-ЛИГА, ОСМИНАФИНАЛЕ:

Пекинг - Мешков Брест
Нексе - Еурофарм Работник
Металопластика - Војводина
Спартак Москва - Татран Прешов

СЕХА-ЛИГА, ЧЕТВРТФИНАЛЕ:

Нексе/Еурофарм - Вардар
Металопластика/Војводина - Веспрем
Спартак/Татран - ППД Загреб
Пекинг/Мешков Брест - Мотор

Натпреварите од нокаут-фазата ќе се играат во системот дома-гости. Првите мечеви од осминафиналето ссе на 1/2 февруари, додека реваншите се на 11/12 февруари.