ВИДЕО: Њокас пак го налути Вујовиќ – нервозно избега во соблекувална!

Вардар 1961 може да жали. Прокоцка три гола предност на гостувањето кај ППД Загреб и доживеа пораз (23-22), кој го оддалечи од нокаут-фазата во Лигата на шампионите.

Седмиот неуспех во низа пристигна во самиот финиш. Дури и кога имаше напад за реми, Вардар не го искористи. Оливие Њокас направи непотребно додавање каде имаше играч на „плинарите“ и така ја подари победата. Французинот во неколку наврати, заедно со неговиот брат, беше мета на критика на Вујовиќ, дали на тајм-аути, дали на прес-конференции, поради честото солирање и индивидуални потези кои завршуваа кобно.

Веселин Вујовиќ доста емотивно го доживеа овој неуспех, па веднаш по сирената за крај избега нервозно во соблекувална. Сигурно е дека ќе има промени по овој дебакл на гостувањето кај ППД Загреб, седми во низа за „црвено-црните“.