Ниту паузата од 40 дена не го спречи: Костески пак блесна во дресот на Линц

И покрај долгата пауза поради ковид-проблемите во австрискиот шампионат, македонскиот интернационалец Никола Костески на терените им се врати со нова фантастична партија во дресот на Линц.

По пауза од цели 40 дена,поранешниот наш репрезентативец со својот тим  одиграа првенствен натпревар на кој против Барнбах запишаа минимална победа до 25-24. Во текот на целиот натпревар се играше израмнето и двете екипи имаа своите моменти и можности да стигнат до посакуваната победа, но на крај носени од перфектниот Костески се радуваа ракометарите на Линц. 

Нашиот ракометар повторно беше без промашување, односно реализира шест гола од исто толку обиди, а зад своето име запиша и една асистенција. 

За Линц ова беше само втора победа во турболентната сезона во која веќе има нов тренер и се надева на далеку подобри резултати во иднина и што поскоро избегнување од опасната зона на табелата (претпоследно место).