Ниту Деспина не ги спушти вардарки под 50 голови

Ракометарките на ЖРК Вардар, по победата над Будуќност во Подгорица и обезбеденото прво место во главната фаза од Лигата на шампионите, се вратија на домашните обврски. А нив ги одработуваат без никаков напор.

Последниот тим што помина на листата кај европскиот вицепрвак е Деспина од Прилеп, која како домаќин играше во Скопје и загуби со 21-52. На полувреме беше 9-22, а во вториот дел вардарки постигнаа 30 голови.

Најдобар стрелец беше десното крило Сара Ристовска со 13 погодоци, додека по осум постигнаа Теодора Керамичиева и Марија Петровиќ. Кај прилепчанки се истакнаа Јовческа, Камческа и Димова со по пет голови.