Ништо од сензација на Динамо, Данците донесоа Бундес-финале во ЕЛ

Динамо Букурешт беше единствениот претставник кој не е од Германија, а игра на завршницата во Европската лига на ЕХФ. Романскиот првак немаше сили за подвиг и доживеа пораз од Флензбург (32-38) во рамки на полуфиналето.

Амбициозниот тим дојде до прво место на Ф4-турнирот во „Берклајс Арената“ во Хамбург, но не можеше до подвиг против разиграниот противник. Флензбург уште во првото полувреме покажа кој е кој, откако се одлепи на 11-18 од ривалот.

Најдобри кај победникот беа ракометари од Данска. Прв стрелец беше Јакобсен со 11 гола, пред Хансен со девет реализации, додека Питлик даде шест гола. Кај Динамо, Акименко имаше седум, пред Кашпарек со пет гола.

Во финалето Флензбург ќе игра против Рајн Некар Левен или Фуксе Берлин.