Ништо од Циндриќ, Хрватска доби изненадувачки капитен

Селекторот на Хрватска, Дагур Сигурдсон, донесе одлука кој ќе биде следниот капитен на хрватската ракометна репрезентација.

Иако очекувањата на поголемиот дел од јавноста беа Домагој Дувњак да го наследи Лука Циндриќ, следниот капитен на хрватскиот национален тим ќе биде уште еден најискусен репрезентативец, Иван Мартиновиќ.

Дувњак осум години беше капитен на Хрватска, а пред него капитени на националниот тим беа Марко Копљар, Алваро Начиновиќ, Горан Перковац, Патрик Чавар, Славко Голужа, Петар Метличиќ и Игор Вори.