• Зоран Мишевски

Љубомир Врањеш во следните четири години ќе го води францускиот прволигаш Ним. Оваа информација ја потврди првиот човек на клубот Давид Тебиб. По половина сезона во Бундеслигата, каде што го предводеше Рајн Некар Ловен, Врањеш за првпат ќе се испроба во Франција.
48-годишниот шведски стручњак потпиша четиригодишен договор со Ним, клуб кој минатата сезона заврши на шестото место. Претседателот на клубот го најави походот по Лигата на шампионите до 2025 година. Амбициозниот предводник на клубот истакна дека Ним следната сезона ќе располага со буџет од пет милиони евра.
По завршувањето на играчката кариера во 2009 година, Врањеш го презеде тимот на Флензбург, со кој ја освои Лигата на шампионите во 2014 година. Кратко се задржа и на клупата на српската репрезентација. По Флензбург, од каде си замина во 2017 година, беше тренер на Веспрем, Кристијанштад и Рајн Некар Ловен. Ја предводеше и унгарската и словенечката селекција и се пласира во полуфинале на Европско првенство со Словенците на шампионатот во 2019 година.