• Горан Упале
Данскиот голман Емил Нилсен би можел да го напушти Веспрем по само една сезона и да се пресели во германскиот гигант Фленсбург, пренесуваат ракометните извори од Данска и Унгарија.
Според информациите на „Ригтеборс“, преговорите меѓу Нилсен и Фленсбург веќе се во тек, а можниот трансфер би се реализирал во летото 2027 година. Данскиот голман неодамна потпиша тригодишен договор со Веспрем, кој важи до 2029 година.
Како можна причина за ваквиот развој на настаните се наведуваат и најавените даночни измени во Унгарија од 2027 година, кои би можеле да ги зголемат трошоците за клубовите при задржувањето на најплатените ракометари.
Засега нема официјална потврда за евентуалниот трансфер, но доколку се реализира, Фленсбург би можел да добие едно од најголемите имиња на светскиот ракомет на голманската позиција.





