Нилсен одбил астрономски договор од Барса, се сели во Веспрем за две години?

Како што пренесува „Радио Каталуња“, голманот на актуелниот европски шампион во ракомет, Барселона, Емил Нилсен, би можел да потпише за Веспрем од 2026 година. Познато е дека голманското дуо на тимот од Унгарија, Мајк Јенсен и Родриго Коралес имаат важечки договори до летото 2026 година, а потенцијална замена би можел да биде споменатиот фантастичен голман од Данска.

Наводно, раководството на Каталонците му понудило нов договор на 27-годишниот голман, кој не бил прифатен и Нилсен со тоа најавил заминување. Тој договор, наводно, бил еднаков на договорот со Дика Мем, кој е најплатениот играч во оваа генерација на Барселона. Актуелниот партнер на Нилсен на голот, Гонзало Перез де Варгас, исто така, од следното лето ќе го напушти клубот и ќе го засили Кил, па раководството брзо реагираше и најде замена во форма на Исланѓанецот Виктор Гисли Халгримсон, кој моментално е член на Висла Плок од Полска.

Доколку трансферот на Нилсен се реализира за две години, Барса ќе загуби два многу важни елементи на овој шампионски тим.