Нилсен: Не спиев цела вечер и не јадев ништо цел ден!

Ракометната селекција на Данска освои уште едно злато – четврто во низа на Светските првенства, а одново еден од најдобрите поединци во данскиот состав беше голманот Емил Нилсен.

Нилсен по финалето беше прогласен за најдобар голман на Мундијалот и исто така доби место во дрим-тимот. Кога сè беше готово, голманот на Барселона откри низ какви проблеми поминувал ноќта пред големото финале.

„Малку ми се слоши и тоа ми пречеше синоќа. Не спиев цела ноќ, заспав околу 9 или 10 часот наутро. Се разбудив половина час пред да одам во теретана. Не јадев ништо цел ден бидејќи бев многу нервозен и под стрес. Така што навистина сум среќен што сè испадна добро“, изјави Нилсен.

Покрај Нилсен во дрим-тимот на Светското првенство имаше уште еден Данец – Питлик, додека Гидсел беше најдобар стрелец и МВП на шампионатот.