• Горан Упале

Анастасија Николовска, младата ракометарка на Спартак не беше разочарана и покрај испуштената шанса за трофејот во Купот на Македонија. Нејзината екипа беше совладана од Ѓорче Петров во финалето, а таа е горда на своите соиграчки за покажаната борба против големиот фаворит.
„Тежок натпревар и психички и физички, но горда сум на својата екипа што се вратиме од негатива од шест гола. Мислам дека игравме против најтешкиот противник во оваа Куп-завршница, Честитки за моите соиграчки, дадовме сè од себе. Исто така сакам да ѝ честитам и на противничката екипа“, рече младата Николовска.
Екипата на Спартак во вчерашното полуфинале приреди големо изненадување, елиминирајќи го фаворизираниот тим на Чаир.