Македонци во олимписко финале: Николов и Начевски ќе судат во меч за злато!

Судиите Начевски и Николов

Најдобриот македонски судиски пар, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски добија огромна чест, бидејќи ќе ја делат правдата во финалето на Олимписките игри и пресметката на Данска и Франција.  

Николов и Начевски долго време се во „елитната“ група на судии, кои ја добиваат довербата на ЕХФ и ИХФ да судат големи дерби натпревари. Ова олимписко финале за македонските судии е уште една награда и потврда за добрата работа која ја вршат.

Македонските арбитри го судеа и финалето на последното Европско првенство, во кое во јануари минатата година Шпанија тесно ја совлада Хрватска. Николов и Начевски имаат делено правда и на Ф4 турнир во Лигата на шампионите, а често добиваат и „тешки“ натпревари во сите конкуренции. 

Утре, во 14:00 часот во „Јојоги Насионал Гимназиум“ во Токио, ќе се одигра натпреварот за олимпиското злато.