Николов и Начевски делегирани за Светското клупско првенство

Интернационалната ракометна федерација (ИХФ) ги објави официјалните лица за натпреварите од претстојното Светско клупско ракометно првенство каде во комбинација влегуваат и најдобрите светски и македонски судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Во Каиро ќе играат европскиот првак Барселона,  бранителот на титула на Светското клупско првенство, Магдебург и унгарски Веспрем. Ќе настапат уште и Ал-Ахли од Египет, африканскиот првак Замалек, азискиот шампион Ал-Калеј, претставникот на Средна и Јужна Америка, бразилскиот Таубате, како и уште по еден тим од Северна Америка и Кариби, односно Австралија и Океанија.

Светското клупско првенство ќе се одржи од 27 септември до 3 октомври.