Николов и Начевски делегирани вторпат во два дена

По добро одработената задача синоќа на дуелот Исланд - Русија, најдобрите македонски судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, добија нова задача на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска.

Скопските судии вечерба во „Малме Арена“ ќе ја делат правдата на дуелот меѓу домаќинот Шведска и Полска, кој се игра од 20:30 часот. Шведска има една победа и еден пораз, а Полска претпе два порази во досегашниот тек на шампионатот. 

Во оваа група претходно ќе се сретнат селекциите на Словенија и Швајцарија.