Николиќ: Неколку месеци бев без клуб, но се надевам ќе му помогнам на Бутел

Македонскиот суперлигаш Бутел Скопје пред неколку дена го претстави своето најголемо зимско засилување, откако ги договори услугите на Богдан Николиќ.

Црногорскиот лев бек зад себе има солидно искуство во Суперлигата, настапувајќи за Пелистер и Струга, а по потписот со бутелци изјави дека со нетрпение го очекува своето деби во новиот дрес.

„Како што слушнав Бутел е многу добро организиран клуб кој расте од година во година. Годинава ќе играме во плеј-офот и се надевам дека јас бргу ќе се вклопам и ќе му помогнам на тимот во тие натпревари и во остварувањето на целта - пласман во Европа. Бев неколку месеци без клуб и овој трансфер ми значи многу. Со нетрпение го чекам официјалното деби. Се надевам што поскоро ќе ја вратам старата форма и самодовербата. Плеј-офот ќе биде многу интересен, бидејќи поголем дел од екипите се изедначени по квалитет“, вели Николиќ.

Бутелци презимија на третата позиција на табелата во Суперлигата, со само три порази од 14 натпревари (десет победи и едно реми).