• Иван Димовски

Ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров го одбранија трофејот во Купот на Македонија, откако го победија Спартак со 30-33 во финалето одиграно во струмичката сала „Парк“. По освоениот нов трофеј во Купот, коментар за одиграното даде капитенката и главна дефанзивка на ѓорчепетровки Милица Николиќ.
„Честитки за екипата на Спартак за историскиот пласман во финалето во Купот на Македонија. Двете екипи покажавме голема желба и борба за трофејот. Се одигра супер-натпревар, а на крај победи подобриот, односно поискусниот“, рече Николиќ.
Ѓорче Петров како наследник на славниот Кометал е најтрофеен тим во ова натпреварување. Оваа денес беше 19. Куп-титула за тимот од скопската населба.
