• Зоран Мишевски
Швајцарскиот голман Никола Портнер и официјално потпиша договор со унгарскиот ракометен клуб ПИК Сегед со важност до 2029 година. Портнер се обврза на долгорочна соработка во траење од три години.
Искусниот чувар на мрежата ќе го сочинува голманското дуо заедно со унгарскиот ветеран Роланд Миклер. Неговото доаѓање во Сегед е последица на очекуваното заминување на досегашниот голман Тобијас Тулин, кој кариерата ќе ја продолжи во германската Бундеслига.
Швајцарецот со српско потекло ќе брани во Лигата на шампионите, а стартот на првата групна фаза е закажан во септември.
Во минатото Портнер беше поврзуван и со трансфер во Вардар 1971.

