ВИДЕО: Македонец во идеалниот тим, Митревски го одбележа десеттото коло на ЛШ

Голманот на Еурофарм Пелистер, Никола Митревски, сосема заслужено се најде во идеалниот тим на десеттото коло од Лигата на шампионите.

Репрезентативниот чувар на мрежата беше лидер на тимот во победата над Висла Плок и запиша тринаесет успешни интервенции, па овој учинок беше доволен да добие место меѓу најдобрите. 

Еурофарм Пелистер со победата над полскиот тим значително си ги зголеми шансите за пласман во плеј-офот, а следен предизвик за „зелено-белите“ ќе биде тешкото гостување кај Спортинг во Лисабон.